Податоци
Политика на приватност
Ги користиме само податоците што ни се потребни за да ја доставиме нарачката и, ако побарате, да го примиме враќањето. Не ги продаваме и не ги користиме за реклами.
01Што собираме
За нарачката ни требаат име и презиме, е-пошта, телефонски број, град и адреса. Поштенскиот број и забелешката за курирот се по избор. Ја чуваме и содржината на нарачката: производите и количините.
02Зошто
Податоците служат за да ја подготвиме пратката, курирот да ве најде и нарачката да стигне на адресата. Истите податоци ги користиме ако го вратите производот заедно со кутијата.
03Што стои на кутијата
На надворешната кутија нема назив на производ и нема лого. Наведен е вашиот телефон, за да може курирот да ве контактира. Курирот ја добива адресата и телефонот, не и описот на производите.
04Плаќање
Плаќањето е во готово при прием. Не собираме број на картичка, ниту други банкарски податоци.
05Кошничка
Кошничката стои во вашиот прелистувач додека ја средувате нарачката. Нема регистрација и не отвораме профил на ваше име.
06Колку ги чуваме
Податоците ги чуваме за извршување на нарачката, доставата и евентуалното враќање. Не ги даваме на други за маркетинг. Можете да прашате што чуваме за вас или да побарате исправка, по телефон или по е-пошта.
Контакт
Телефон, WhatsApp и Viber: 077 684 740. Е-пошта: Bioideal1976@gmail.com. Пон - Саб 09:00 - 20:00.